• 19 септември 2017
  • Вести денес: 109

Може ли некој да се сети кога времињата не биле лоши, а парите - скудни? Со оваа реторичка мисла на познатиот американски есеист Ралф Валдо Емерсон, во јуни 2004 година почнува една моја колумна посветена на беспарицата, на кризата, на агонијата, на тезите дека Македонија пати од недостиг од капитал од странство, бидејќи локалната економија не акумулира. Иако не сум економист, можеби пресмело, тогаш таа теза ја оценив како „фатално стерилна“. Еве неколку фрагменти од таа колумна:

„Малку логика. Веруваме дека од некоја мистична причина - историска омраза, планетарен заговор, што ли - странците, кои најмалку половина век функционираат по волтеровската максима ‘кога парите се во прашање, сите сме од иста религија’, едноставно не сакаат да знаат дека на мапата на Европа постои една мала нација што чека да се ‘прекрсти’ и да почне економски да се развива. Чудно.
И малку искреност, молам. Сме се запрашале ли некогаш дали сме луѓе на кои вреди човек да им позајми пари? Позајмуваме сто и ја пружаме раката небаре сме просјаци, а не луѓе решени да направиме сто и едно, едно за себе. Сме се запрашале ли искрено дали сме навистина способни да вратиме, да ‘акумулираме’, да бидеме успешни?

Во оваа земја има малку успешни луѓе. Не се тоа среќниците чија судбина најсликовито ја раскажува народната ‘на ќораво пиле Господ гнездо му прави’. Не се тоа ни нашите Робинхудовци. Зборувам за навистина успешни луѓе. Познавам неколкумина. Знаете ли што им е заедничко? Сите се ведри и духовити. Победници среде криза. Не чекаат странски кредити. Имаат идеи што раѓаат пари. Нивната филозофија е едноставна: не агонизирај, организирај!

Пари - има. Свежи, домашни евра. Македонците ги вложуваат во тули (недвижности) и во автомобили. Нема проекти, идеи, визии, дух. Нема амбиент за бизнис. Сите чекаме или да ни се урне плафонот над главите или некој да ни инјектира капитал директно во нашите паричници, додека уживаме во пладневната сиеста, во агоничната поза на жртви, што е само беден изговор за нашата мрзеливост на духот“.

Ете, така ја доживував Македонија пред 12 години. И пред тоа, а богами и потоа. Сега, новата влада на Заев навестува коперникански пресврт. Ајде да видиме дали ќе биде така. И не само да видиме – туку и да се потрудиме и ние малку. Да не бидеме само мрзеливи позери. 

ОСТАНАТО ОД КОЛУМНИ

„Пресудата“

Од сите објавени фотографии и видеа од настанот, јасно се гледа јас физички не се пресметувам со никого, стојам и го издржувам нападот. Во таа смисла и во тој дел, соопштението на СЕММ, ако се однесува на мене, е клеветничко.

Гласајте за Коце

Коце не е авантурист. Тој оди на сигурно. За трамвајот не мрдна. И подобро што е така, велат злобниците. Знаејќи го каков е растрошен со туѓи пари, којзнае колку ќе не чинеше. Затоа гласајте за Коце, со него сигурно ќе се враќаме назад.

Бојата на глупоста

Кучешки некои времиња, друже бојосан Геро. Дон Геро.

Што ја прави нацијата силна?

Историјата е полна со примери на нации што биле, или се, малубројни, но нивните големи жени и мажи ги издигнале тие нации до олимписки височини и им обезбедиле просперитет.

Далмеида

Деновиве, во Република Македонија престојува едно од водечките европски имиња кои се занимаваат со светската манипулација и пропаганда.

Макијавели за напредни

Мислам дека е важно да не се откажеме набрзина од анализирањето на нашата неодамна падната диктатура и на постапките на нашиот мал диктатор кој сега седи уплашен во големата бела зграда.

Лажи Анѓо!

Прилог кон дебатата за амнестиите и помилувањата од затвореник кој за идеите за самостојна и суверена Македонија одлежа 12 години, а неговото барање за помилување беше отфрлено со лажни обвинувања за „шпионажа“.

Промоции

Какви се тие промоции на книги на кои нема да се продаде ни еден примерок, или изложбите на слики на кои нема да биде купено ни едно дело. Ако досега се обезбедуваше присуство со коктели, сега ќе мора тоа да се прави и со хонорари.

Арамиско гнездо

Дали, по тешката деценија низ која минавме, сега треба да очекуваме години на преџвакување на преживеаното? Преџвакување без заклучница.

Подарок за вечност

На пример онаа певицана, со само петнаесетгодишен стаж на сцената, навистина ли верува дека дала „исклучителен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста на Република Македонија.

НАЈЧИТАНИ