• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 4

Европската агенција за лекови ќе се пресели во Амстердам, одлучи Советот на ЕУ

ЕБО и ЕАЛ досега се наоѓаа во Лондон. Нивното преместување се должи на одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата.

Американските сили бомбардираа фабрики за дрога во Авганистан

Нападите беа насочени кон изворите на финансирање на талибанците, изјави генерал Џон Николсон, додавајќи дека таквите напади ќе продолжат.

Штајнмаер: Засега не се планирани нови избори во Германија

Штајнмаер рече дека ќе има разговори со конзервативците на Ангела Меркел, Слободните демократи и со Зелените за коалициона влада.

САД наскоро ќе издаваат визи во конзултатот во Русија

Правиме сѐ што е во наша моќ и се надевам дека во следните недели ќе бидеме во можност да издаваме визи, изјави американскиот амбасадор, Хантсмен.

Мугабе не се откажува од претседателската фотелја

Мугабе со денови се соочува со притисок од страна на армијата и Емерсон Мнангагва, неговиот поранешен соработник да даде оставка.

Во Турција приведен 51 наставник поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти издадоа налози за апсење на 107 наставници поради наводна поврзаност со исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Вајгл: Руското мешање на Балканот го поттикна проширувањето на ЕУ

Вајгл вели дека во ЕУ нема замор од проширувањето и дека интересот на ЕУ за регионот расте.

Телефонски разговор Вучиќ-Борисов

Двајцата лидери се согласиле следниот состанок на Советот да се одржи на почетокот од декември во Белград.

Штрајк на грчкиот остров Лезбос

Околу 15.000 лица останаа заглавени на островите, додека уште 50-на илјади се сместени во кампови низ другите делови на Грција.

Аунг Сан Су Чи ги обвини миграциите за конфликтите во Азија

Нобеловката, Аунг Сан Су Ќи денеска нагласи дека глобалните миграции придонесуваат за воени конфликти во светот.

Брнабиќ: Од Србија не треба да се бара да избере меѓу Западот и Русија

Од Србија не би требало да се бара да избира меѓу Западот и Русија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“.

Советот на ЕУ го усвои новиот систем за гранични контроли

Советот на ЕУ соопшти дека денеска се прифатени правилата за воведување на постојани проверки при преминување на надворешните граници на Унијата.

Турскиот Парламент ќе избира нов претседател

Турскиот Парламент денеска ќе избира нов претседател, а во трка за функцијата се шестмина кандидати.

Катимерини: Западот активиран да ги затвори отворените прашања на Западен Балкан

Атина многу брзо директно ќе се соочи со прашањето за членство на ПЈРМ во НАТО, дури и со акроним.

Си-Ен-Ен: Мугабе се согласи да се повлече од функцијата претседател на Зимбабве

Функционери од владејачката Африканска национална унија на Зимбабве - Патриоски фронт на Мугабе изјавија дека тој се согласил да се повлече.

Поради сомнителен пакет евакуиран американскиот Конзулат во Цирих

Швајцарската полиција соопшти дека околу зградата се распоредени полициски сили, но не обелодени повеќе детали за инцидентот.

Турски новинар застрелан во Истанбул

Таракчи е новинар во турската телевизија Акит, која важи за блиска до Владата.

Стејт Департментот се кастри и од горе и од долу

Советникот за национална безбедност на Трамп неодамна потврдил дека кастрењето на кадрите се случува свесно и намерно, а не поради неспособност.

Сеул: Пјонгјанг на чекор до изработка на проектил што може да го погоди западниот брег на

Разузнавачката служба на Јужна Кореја за своире сознанија денеска ги информираше членовите на јужнокорејскиот Парламент.

НАЈЧИТАНИ